Цело ВМРО-ДПМНЕ на терен, најавени големи трибини по градовите

Покрај теренските посети на населените места и села низ целата територија на Македонија, кои што веќе се спроведуваат од страна на пратениците и градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од партијата се најавуваат и одржување на големи јавни трибини во сите градови и општини во Република Македонија.

Одржувањето на овие јавни трибини е планирано да се спроведува од страна на два големи тима, од кои едниот тим ќе биде предводен од Премиерот Никола Груевски, додека вториот тим ќе биде предводен од вицепремиерот Зоран Ставревски. Освен  Груевски и Ставревски, во тимовите ќе бидат пристутни и сите министри и заменици-министри од партијата, градоначалници, пратеници и други претставници од извршната и локалната власт.

Јавните трибини ќе започнат кон крајот на овој месец, ќе се одржуваат два пати во неделата во доцниет попладневни часови, со цел заинтересираните граѓани да можат да присуствуваат. Овие трибини, како и досега, се наменети и на нив можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани, без разлика на партиската припадност.

Целта на овие трибини е да се одржува директна комуникација со граѓаните, да се разговара со нив, да се чујат различни мислења, сугестии и забелешки, како и непосредно запознавање со проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Ефектот од организирање на овој вид на големи јавни трибини од страна на ВМРО-ДПМНЕ, досега се покажа како одличен модел за комуникација со граѓаните, дотолку повеќе што ако се земе во предвид фактот дека токму преку ваков тип на трибини, директно по предлог од граѓаните произлегоа и се воведоа неколку значајни мерки и проекти.

Токму од тие предлози и идеи од граѓаните досега произлегоа мерки и проекти како што се либерализацијата на увоз на половни возила, мерката со која граѓаните добија можност да си ги откупат дворните места за 1 метар квадратен, како и многу проекти содржани во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ од последните парламентарни избори.

Од позитивните искуства досега, така и на овие трибини се очекува голема посетеност и заинтересираност од страна на граѓаните, каде што повторно ќе можат да дадат свои предлози, идеи и сугестии и со тоа да придонесат за воведување на нови мерки, реформи и проекти кои би ги реализирала Владата на Република Македонија во иднина.

Како што велат од партијата, ваквиот начин на комуникација со граѓаните, освен што се покажа како најпозитивен и најефективен, истовремено праќа и силна порака до граѓаните дека на ВМРО-ДПМНЕ му значи мислењето на народот, како и подготвеноста на партијата да помогне кога тоа е потребно

24.10.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега