Укината забраната за тешки товарни возила на Стража и Маврово

Забраната за движење на тешки моторни возила која беше воведена во 12 часот на патниот правец Гостивар - Стража и Гостивар - Маврово е укината. Сообраќајот е нормализиран за сите моторни возила, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Забраната беше воведена поради интензивни врнежи од снег кои се задржуваа на коловозот. 

24.10.2014 - 15:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега