Здравствените книшки заминуваат во историјата

Веќе од в година граѓаните нема да мора да ги носат здравствените книшки кога одат на лекар, најавуваат од министерството за здравство.

Последниве месеци дел од граѓаните реагираат зошто се уште мора да носат и здравствена книшка и електронска картичка кога одат на лекар во ситуација кога и кај матичните лекари се воведува само електронска евиденција, пишува Дневник.

- Технички гледано, тоа може брзо да се направи зашто веќе 90 отсто од евиденцијата се води електронски - при упатување, при издавање рецепти за лекови... Електронски е можно и рецепти и упати да се реализираат, има и електронско заведување документи. Сета оваа работа моментално ја тестираме и сме веќе во фаза на тестирање на електронско-дигитално потпишување. Ја развиваме токму методологијата за дигитален потпис на медицинската документација и на електронските упати и рецепти - вели Милан Аризанкоски, координатор на системот „Мој термин“.

Тој додава дека кога тоа ќе биде завршено, тогаш се ќе оди поедноставно.

- Тогаш, кога некој ќе појде со картичка на матичен лекар, по прегледот и овој лекар, како и специјалистот дигитално ќе се потпише и тогаш веќе нема да има потреба од здравствена книшка. Тоа го планираме да заживее в година, сега ја утврдуваме методологијата - наведува Аризанкоски.

24.10.2014 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега