Нема салмонела: 18-те штипјани заболеле од ентеро бактерии

Анализите на Центарот за јавно здравје –Штип по случајот со труењето од слатки од една штипска слаткарница и еден супер маркет покажаа дека 18-те пациенти кои пред три дена беа хоспитализирани на Инфективното Одделение во Клиничка болница-Штип не се заболени од салмонела.

Директорот на Центарот за јавно здравје-Штип, Велик Грков вели дека во брисевите кои се земени од производствениот дел во слаткарницата пронајдени се ентеро бактерии, односно фекални индикатори, кои укажуваат дека хигиената била на ниско ниво. Додека брисевите од еклери и тестата за торти биле негативни на бактерии.

Санитарниот инспектор денеска ја затвори познатата штипска слаткарница и издаде наредба да се изврши целосна дезинфекција на објектот, а од вработените повторно да се земат контролни брисеви.

Состојбата на пациентите кои беа хоспитализирани на Инфективното Одделение во Штип е стабилна.

24.10.2014 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега