Македонски основци растурија на натпревар во Јапонија

- Пет ученика од ООУ „Лазо Трповски“ - Мартина Јовановиќ, Леонид Цветиновски, Софи Јанкоска, Мила Тодоровска и Емилија Митовска учествуваа на Меѓународниот литературен натпревар за млади кој се одржа во Токио, Јапонија, на кој освоија повеќе признанија. Натпреварот беше во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија во рамки на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој во образованието“. 

Тие со своите прозни творби, напишани во форма на есеи, на тема „Мојата улога како граѓанин на светот“, го презентираа своето училиште. Креативните ученици, на овој начин, добија можност да творат заедно со уште 13. 635 свои врсници од 151 земја од целиот свет.

Признанијата им ги врачи од почесниот конзул на Јапонија во Република Македонија, Казу Лешниковска. Таа ги охрабри младите ученици да работат на унапредувањето на мултикултурната соработка. Нагласи дека свеченото доделување на признанијата се вклопува со јубилејот 20 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија.

Во голема мерка заслужни за признанијата на учениците се и нивните наставници-ментори, Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик, Соња Јовановска, предмет наставник по македонски јазик и Лилјана Симоновска, предметен наставник по англиски јазик.

Проектот е поддржан од Министерството за образование и наука, Министерството за култура и спорт како и наука и технологија на Јапонија.

Станува збор за проект кој започна со реализација од 2005 година, а ќе трае до крајот на 2014 година во кој активно се вклучени 144 земји-членки на УНЕСКО и осум земји-набљудувачи. 

24.10.2014 - 18:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега