Надвор кочан ладно - еве какво време не очекува деновиве

Студено време со врнежи од дожд и снег на планините ќе преовладува претпладне во Македонија, а во попладневните часови се очекува врнежите да престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец, претежно во источните делови од државата.

Утринската температура ќе се движи од еден до четири, а дневната од три до десет степени. Воздушниот притисок значително ќе расте за 10 до 12 мерни единици.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб дожд претпладне, а во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до два степена, а дневната ќе достигне до седум степени. 

Според Управата за хидрометеролошки работи, од недела се очекува стабилизирање, односно суво време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата.

 

25.10.2014 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега