Постојано ѕвони телефонот за „Ало Докторе"

Во изминатите два дена на телефонската линија Ало докторе!  имало вкупно 317 јавувања од граѓани од сите градови на Македонија. На телефонската линија 15 123,  седумнаесет доктори специјалисти се достапни за граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

На сите граѓани поради здравствената состојба за која ја побарале линијата Ало докторе! од страна на дежурните служби им е даден медицински совет, а доколку било потребно и симптоматска терапија. На три лица за здравствената состојба поради која се јавиле им е укажано да ја побараат службата за итна медицинска помош.

Во најголем број јавувањата од страна на граѓаните биле за здравствени проблеми во врска со стомачни тегоби, висока телесна температура, и покачен крвен притисок пропратен со главоболки.

Во кол центарот на Ало Докторе! секој ден од 18 до 22 часот дежураат директорите на јавните здравенени установи. Денеска дежурен лекар е директорот на Клиниката за ортопедски болести Златко Темелковски. Утре дежурен лекар ќе биде Ненад Јоксимовиќ од Клиниката за гастроентерохепатологија. 

25.10.2014 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега