Свлечиште на патниот правец Радовиш - Конче

Поради свлечиште на патниот правец Радовиш – Конче на еден негов дел сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај, соопштија денеска од АМСМ.

Оттаму информираат дека сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози и препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание, посочуваат од АМСМ, е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. 

25.10.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега