Си го пресече пенисот со секира но ќе може да има деца - нови детали за кочанчанецот

По трагедијата што го снајде, откако самиот со секира пред три дена си пресекол дури две третини од половиот орган, момчето од Kочани ќе може да има и нормален секс и деца. КАко што пренесува Дневник, 22-годишното момче кое се уште е во лоша психичка состојба, ќе може да има нормална ерекција по втората операција која ќе му биде направена. 

Грозоморниот настан, за кој пациентот с` уште не ја обелоденува причината ниту на лекарите, се случил така што момчето со секира целосно пресекло дури две третини од половиот орган. Шпекулациите се дека поводот е доживеаниот неуспех при обид за сексуален чин со девојка. 

- Тој беше донесен кај нас во тешка психичко-шокова состојба, со фрустрираност, страв и тешко комуницираше и со нас, едвај разменивме два-три збора со него. Среќа е што обилното крвавење прво било сопрено уште во штипската болница, инаку момчето можело повеќе да искрвави, а тука целосно го саниравме. Една третина од половиот орган, за негова среќа, беше зачувана и во релативно добра кондиција, па со корективната операција од кожичката успеавме да направивме дел што недостигаше - појаснува д-р Сашо Дохчев, хирург-уролог, кој го оперира момчето, кој е и шеф на одделот за трансплантација на органи на Kлиниката.

Докторот вели дека момчето по операцијата почнало нормално да мокри, а останатите две функции се очекува да се вратат по втората операција, која се планира за еден месец. 

- Ерекцијата ќе биде меѓу 10 и 12 сантиметри по втората операција за која ќе го консултираме и повикаме д-р Мирослав Ѓорѓевиќ, уролог од Белград, кој има големо искуство во реконструктивната хирургија на пенисот. Дури со втората операција, со која ќе има корекција со издолжување на органот и негово комплетно обликување, би се добила задоволителна должина од 10 до 12 сантиметри во ерекција и шанса за нормален сексуален живот, иако е познато дека тоа не е пресудно при сексуалниот чин. Освен нормална ерекција, момчето ќе има и ејакулација, значи ќе може да има и деца доколку сака - додава д-р Дохчев и нагласува дека по овој, себеповредувачки чин, секако пациентот ќе биде упатен на разговор и со психијатар. 

25.10.2014 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега