МВР со детали за престрелката во Кондово

Вчера во 17 часот било пријавено дека во селото Кондово-Скопје, во чајџилница дошло до меѓусебна престрелка помеѓу лицата Ј.Ј. и З.Ј. од една страна и Ќ.Н. и К.Н. од друга страна, при што се испукани повеќе куршуми од огнено оружје-пиштоли при што четири лица се здобиле со повреди.

Три лица Ј.Ј.,Ќ.Н. и М.М.се пренесени во Ургентен центар-Скопје каде кај едено лице се констатирани тешки телесни повреди, додека пак кај другите двајца телесни повреди. З.Ј. е пренесен во ГОБ “8-ми септември” каде му е контатирана тешка телесна повреда.

Веднаш по добиената пријава излезено е на местото на настанот извршен е увид при што биле подигнати повеќе докази.

Од МВР велат дека по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.  

25.10.2014 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега