За претседателско место во ДУИ играа пиштолите во Кондово

Со повреди на кичмата едно лице на КАРИЛ  се бори за живот , а уште  двајца  повредени завршија  на Ургентен.  По вчерашниот инцидент , скршените  стакла и дупки  од куршуми се уште сведочат за пресметката  во кафуле  во скопско Кондово. 

Активисти на ДУИ-  двајца браќа,  со оружје си ги одмерувале силите со уште двајца,  неофицијално поради превирања во партијата. Тројца  меѓу кои и случаен гостин во кафулето завршија на Ургентен,  а еден во градската општа болница 8ми септември.  

Еден од учесниците во престрелката е вработен во МВР,  а еден во АРМ. Министерството распиша потерница по братот на полицаецот кој учествувал во престрелката и потоа побегнал. 

Жителите од Кондово коментираат дека најверојатно се скарале поради претседателсткото место на партискиот огранок во Сарај , но МВР допрва ќе работи на откривање на мотивите.

Дел од медиумите јавуваат дека се работи за  две струи во ДУИ, едните на страна на Рафиз Алити, другите пак ги застапувале интересите на Блерим Беџети.  Алити во телефонски разговор за сител ги отфрли овие информации.

Беџети попладнево пристигнал во Македонија од пат. Вели дека не е добро информиран , но ќе ги посети повредените во болница од почит како поранешен градоначалник на Сарај.

И покрај материјалната штета, кафулето денеска продолжи со работа.

25.10.2014 - 23:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега