Откриен идентитетот на турскиот нарко бос кој беше уапсен во Македонија

Дервиш Балкан, алијас Сулејман Дачиќ е името на познатиот нарко бос кој беше уапсен во Македонија, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, уапсен е и неговиот син Наим Балкан. Кај нив, како што веќе објавивме пронајдена е поголема количина злато и фалсификувани документи.
Се бараат по потерница на Интерпол за организација на шверц на наркотици.
Дервиш и неговиот син Наим поседувале туристичка агенција која организирала патувања пред се во Македонија, Србија и Косово. Нема информации дали токму оваа компанија се користела за шверц на наркотиците.

 

26.10.2014 - 10:35
Фото: 
Илустрација

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа