Испорачани 30 илјади кубни метри огревно дрво до потрошувачите од Пијанечко-малешевскиот регион
До почетокот на грејната сезона на потрошувачите од Пијанечко-малешевскиот регион им се испорачани 30.000 метри кубни огревно дрво.
Подружниците на Македонски шуми од Берово и Делчево испорачале околку 20.000 метри кубни, а десетина илјади кубици огревно дрво се обезбедени од сопствениците на приватните шуми.
Само од продажба на огревно дрво на приватни и правни лица на подрачјето на општините Делчево и Макеонска Каменица во делчевската подружницата на Македонски шуми сезонава се инкасирани околу 12.000.000 денари.
На подрачјето на општините Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Делчево над 90 отсто од домакинствата и установите за загревање на своите домови и деловни простори користат огревно дрво. Од ЈП „ Македонски шуми„ информираат дека потребните количества за оваа грејна сезона благовремено се испорачани, а во нивните стоваришта има и резерви од огревно дрво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа