ДПМ ја интензивира соработката со Здружението на писатели од Србија

Делегација на Друштвото на писателите на Македонија од денеска до вторник ќе престојува во посета на Белград каде ќепотпише договор за соработка со Здружението на писатели на Србија.

Договорот е резултат на разговорите што двете асоцијации ги имаа во Скопје, во почетокот на јуни годинава.

Документот ќе го потпишат претседателот на ДПМ Веле Смилевски и претседателот за ЗПС Радомир Андриќ, асо него се предвидува проширување и интензивирање на соработката меѓу двете асоцијации и поттикнување на издавачките куќи, списанијата и книжевните манифестации за активности во областа на преведувањето на литературни дела од македонски на српски и од српски на македонски јазик.

Членовите на делегацијата на ДПМ Веле Смилевски, Раде Силјан, Кочо Топузоски, Христо Петрески и Славе Ѓорѓо Димоски ќе настапат на книжевното пладне во вторник во Домот на Здружението на писателите на Србија во Белград.

од ДПМ најавуваат дека делегацијата ќе ја искористи можноста за контакти со претставници на писателските асоцијации од други земји од регионот и Европа, присутни на белградскиот Меѓународниот саем на книгата кој трае до крајот на октомври. 

26.10.2014 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега