Во Кондово пукал полицаец од службениот пиштол

Еден од оние кои недоразбирањата ги решаваа со оружје во престрелката во Кондово од пред два дена пукал со службениот пиштол. Информацијата денеска ја објави МВР од каде велат дека вработениот во полицијата го искористил службеното оружје во кафулето во Кондово. Се уште се истражува дали и вработениот во АРМ пукал и дали користел службено оружје. За останатите инволвирани во инцидентот во кој беа повредени 4 лица се истражува од какво оружје пукале и дали го поседувале со дозвола. По целосното расветлување на случајот и завршувањето на истрагата ќе следат соодветни пријави. Процесот се оддолжи бидејќи повредените кои се наоѓаат во болница се уште не биле способни за да дадат изјава пред полицијата.
Во меѓувреме, ДУИ реагираше за известувањето на медиумите.

„Демократската Унија за Интеграција изразува жалење за петочниот инцидент кој што се случи во кафеана во селото Кондово, општина Сарај, во кој што се повредија 4 лица.

Истовремено, Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко жалење за начинот на известување и тенденциозното пренесување на веста за овој инцидент од страна на медиумите во земјата кои што неправедно заклучија дека инцидентот се случил во просториите на ДУИ во Сарај за време на партиски состанок.

Во петок, структурите на ДУИ немаа ниту една партиска активност во Сарај, но ниту имаше состанок на огранокот на ДУИ во Сарај или било кој од подограниците во овој огранок. Истотака, лицата вклучени во овој инцидент  не се дел од избраните структури на огранокот во Сарај ниту во подограноците во респективниот огранок.

Овој инцидент, на ниту еден начин не може да се поврзи со изборниот процес во структурите на ДУИ во подограницте и огранокот Сарај.

 

ДУИ останува партнер на медиумите во земјава, но нашата соработка мора да ја има како предуслов општествената одговорност и кај новинарите и медиумите при што треба да се демонстрира професионализам и коректност во извршувањето на работните задачи. “ - стои во соопштението од ДУИ

Реакциајта на ДУИ следи откако медиумите објавија дека пукањето се случило на партиски состанок на ДУИ во општина Сарај. 

26.10.2014 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега