Крадците викендов направиле „парче"

Крадците и викендов направиле парче. Во полициската станица во Берово синоќа било пријавено дека е извршена кражба во црквата „Св. Петар и Павле“ при што се одземени 14.700 денари.

И во Битола се случила тешка кражба при што е одземен разновиден златен накит и парични средства во вредност од околу 400 илјади денари.

Кражбата е извршена во куќа на улицата „Тошо Даскалот“ во периодот од 20 до 22 часот. Увид на лице место извршила екипа при СВР-Битола и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

26.10.2014 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега