Седмоодделенец од Скопје „предава“ програмирање

Најмладиот учесник на презентациитe од областа на информатиката пред студентите на ФИНКИ и на Универзитетот на југоисточна Европа, организирани неодамна, беше Даријан Шекеров, пишува Република.

 Даријан е и најмладиот учесник на сите натпревари по информатика меѓу средношколците. Всушност Даријан е само седмооделенец, но своите знаења за програмирањето ги споредува со многу постари и поискусни од себе. Но тоа не му пречи да освојува и места- на два пати го зема третото место на државно ниво.

Даријан досега во рака ги има дипломите за C++, Visual Basic за Windows апликации, Visual Basic за Web апликации, HTML и CSS, C# и Јava. Меѓу другото има создадено и свои апликации за компјутер и за андроид.

Во време кога сè повеќе родители се борат со децата да ги оттргнат од комјутерите, таблетите или паметните телефони, за да поиграат надвор, ова е само еден пример дека доколку се увиди талент кај децата, тој треба да се развива. Макар бил и „пред монитор“.

27.10.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега