„Дневник“: СДСМ нема поим што значи одвојување на државата од партијата

Во недостиг од конкретен одговор од ОБСЕ за тоа што значи одвојување на државата од партијата, останува единствено конечниот извештај на набљудувачката мисија, во кој се наведуваат само примери на медиумското претставување на власта и „наводи“ за злоупотреби на државните органи и администрацијата, пишува весникот ДНЕВНИК.

poim500

Да се одвои државата од партијата. Тоа е единствената политичката мантра што јавноста ја слуша од СДСМ изминативе шест месеци откако ги оспори резултатите од априлските парламентарни и претседателски избори и е во бојкот наведувајќи дека партизацијата и злоупотребата на државата од страна на партијата на власт е причина за нивниот пораз.

-Но, дури и по половина година, иако го условува своето враќање во институциите токму со ова, партијата на Зоран Заев с` уште не одговара што конкретно значи да се одвои државата од владејачките партии за време на избори и кои се решенијата што тие ги нудат за тоа. Единствено говорат дека тоа треба да се направи преку техничка влада, прочистен Избирачки список, измени во изборното законодавство и законите за медиумите. Ако ги прашате конкретно за какви законски измени треба да стане збор, одговараат: во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР бидејќи и тие констатираа дека имало злоупотреба на државата од партијата на власт за време на изборите, пишува весникот.

По таа логика, ДНЕВНИК  ја прашал и мисијата на ОБСЕ за тоа кои би биле конкретните решенија, односно кои закони во кои делови треба да се изменат за нејзината набљудувачка мисија на избори да ја тргне оваа забелешка од своите извештаи, а опозицијата да биде задоволна од резултатите. По долго чекање одговор од ОБСЕ не добиле.

Јавно упатуваат на ОБСЕ, потајно сонуваат функции

Дали ова значи дека СДСМ и Зоран Заев не знаат всушност што сакаат и бараат?

- Kонкретните решенија треба да произлезат како резултата на преговори, но нашиот став оди во насока на она што и ОБСЕ го констатираа како нерегуларности и препорачаа по изборите да се изнајдат гаранции за одвојување на државата од партијата – велат од СДСМ.

Тоа е речиси истиот одговор што Дневник го добил о во јуни, кога побарале да им го прецизираат одговорот, од СДСМ одговориле со следново:

- Се разбира, институциите се одвоени од партијата на власт кога не се подложни на нејзини притисоци и работат самостојно и професионално. Тоа може да се овозможи само преку формирање техничка влада, која ќе обезбеди услови за професионална работа на институциите и ќе обезбеди гласачите без притисоци да ја искажат својата волја.

-„Дневник“ сега разговара со неколкумина членови од Извршниот одбор на СДСМ за тоа дали социјалдемократите имаат подготвени барем начелни ставови за прашањата на измени на изборното законодавство и медиумите кога веќе тие прашања ги поставуваат како барања во преговорите со власта и кои се тие. Прашавме што, освен техничката влада, Заев му предложил на Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на оние тајни средби кои завршиле со неуспех? Сите до еден консултирани партиски функционери искрено ни одговорија дека СДСМ нема конкретни предлози, но дека тие меѓу себе размислуваат во една насока – добивање раководни функции во неколку институции.

- Размислуваме на неколку механизми кои би биле во рацете на опозицијата, а со кои ќе се спречи функционерите на државните органи да не ја користат институцијата за време на избори во согласност со налогот на партијата – вели еден од функционерите на СДСМ за весникот.

Kако пример за такви механизми на „Бихаќска“ ги наведуваат: првиот човек на антикорупциската комисија да биде од редот на опозициската партија, да добијат директорско место или одговорен уредник во јавниот сервис МРТ, а има и такви кои одат до тоа јавниот обвинител да се избира на предлог СДСМ. Освен ова, СДСМ пред две недели и официјално застанаа на став да се забрани комерцијалното рекламирање на владата во медиуми и тоа независно дали се работи за предизборие или не.

Повеќе прочитајте на Дневник

27.10.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега