Да се соблечев порано, можеби ќе беше подобро- се отвори Неда Украден

 

64- годишната пејачка Неда Украден по пофалните текстови во британските "Дејли меил" и "Дејли експрес", Неда Украден ветува дека во емисиите што следуваат во шоуто "Твоето лице звучи познато" силно ќе го шокира светот.

Неда вели дека таа никогаш не сонувала оти дури кога ќе стане баба ќе доживее светските медиуми да пишуваат за неа благодарение на "Твоето лице звучи познато".

-"Успеав да ја победам старосната дискриминација и да покажам дека баба може да биде младолика, згодна, витална и полна со енергија. Би сакала да добијам улога на Тина Тарнер, бидејќи енергиите ни се сличи, а ветувам дека во емисиите што следат ептен ќе ја шокирам публиката", рекла Неда.Пејачката која кариерата ја почнала далечната 1967 година уште и додала во мигот кога светот ја величи лошо се чувстувава во нејзината земја затоа што не е призната колку што смета дека би требала да биде.

-"Во деведесетите години како некој да притисна "дилит" и ги избриша сите вистински пејачи. Во мојата земја доживеав да чујам менаџери кои велата "кој сака да гледа баба". Да се соблечев порано можеби ќе беше подобро", појаснила оваа супер - бабичка.

27.10.2014 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега