Уапсен и четвртиот пиштолџија од Кондово

МВР успеа да го лоцира и приведе четвртиот учесник во петочната престрелка во Кодново кој остана неповреден и побегна веднаш по инцидентот, јави Вечер.

 Кенан Назири бил уапсен утрово и е спроведен во една од полициските станици во Скопје. Засега против него, како и против останаите учесници во крвавата пресметка полицијата нема поднесено кривични пријави.   Мотивот за престрелката официјално не е потврден а во јавноста кружат две верзии, првата дека е поради изборите за претседател на партискиот огранок на ДУИ во Сарај, а втората ради промена на работното место на еден од учесниците од Скопје во Велес.  Инаку тројца од четворицата пиштолџии се вработени во АРМ односно МВР. Кенан Назири и Јонуз Јакупи се вработени во АРМ, додека Ќани Назири е полицаец. Полицијата потврди дека нивниот припадник го користел службеното оружје. 

 

Од ДУИ се огласија по два дена и во нивното соопштение само го критикуваа известувањето на медиумите околу инцидентот но не и на нивните членови и активисти.  Еден од засегнатите, поранешниот министер за правда Блерим Беџети, трет ден е недостапен за јавноста 

27.10.2014 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега