Македонските вина промовирани во Амстердам

По презентациите во САД пред две недели, македонските винарии денеска ги промовираат своите производи и на холандскиот пазар. Осум македонски винарии (Тиквеш, Сковин, Стоби, Езимит, Далвина, Камник, Попов и Попова Кула) организирани преку Здружението „Вина од Македонија“ во Амстердам заеднички се промовираат пред холандската професионална публика - увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Во рамките на промоцијата е организирана и професионалана дегустација, Мастерклас за Вранец, каде се презентираат потенцијалите на оваа сорта и се врши дегустација на различни вина.

Холандија е оценета како еден од пазарите со најголем потенцијал за македонското вино и поради тоа Здруженеито „Вина од Макеодонија“ и винариите веќе 5 години наназад организраат промотивни активности. Организацијата на ваков тип промоции е од особено значење за градење на препознатливност на македонските вина на овој пазар, а со тоа обезбедување на влез и поголем удел на пазарот, соопшти Здружението „Вина од Македонија“.

Настанот е поддржан од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, согласно програмата за поддршка на извозот на македонски производи и Холандската Агенција за поддршка на извозот на земјите во развој ЦБИ. Поддршка во организацијата на презентацијата на македонските винарии пружи Македонската амбасада во Хаг и екомоскиот промотор на Македонија во Холандија, со чија помош се организираа и поединечни средби со најголемите компании увозници на вино во Холандија

27.10.2014 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега