Се врши конзервација на фрескоживописот во штипската црква „Свети Спас“

Во црквата „Св.Спас“ во Штип во тек е реализацијата на првата фаза од конзервацијата на фрескоживописот, проект предвиден во Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Стручните служби на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип во рамките на првата фаза, што е предвидено да заврши до крајот на годинава, ќе извршат препокривање на црквата заради превентива од влага, по што ќе се изврши чистење на живописот кој датира од 14 век и 17 век, како и консолидација на фреските во горната зона. 

Со реализацијата на втората фаза ќе се изврши ретуширање на оштетените делови во црквата, а целосната реализација на проектот се очекува во текот на 2015 година.

Фрескоживописот во црквата „Свети Спас“ претставува извонредна творба на живописување на црквите од тој период, а како сликар на фрескоживописот кој се одликува со исклучителни тонски квалитети, се јавува зографот Јован, соопшти Министерството за култура.

 

27.10.2014 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега