Започна вакцинацијата против сезонски грип во Битола

Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Битола со надлежност од регионален карактер денеска ја почна превентивната вакцинација за заштита од грип.

- Климатските промени и промената на температурата на воздухот во текот на едно деноноќие предизвикуваат лесни, но и потешки настинки, посебно кај лицата со поголема чувствителност на личното здравје, и затоа денес почнавме со вакцинацијата за заштита од грип, рече Тони Коњановски, епидемиолог во ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Тој истакна дека потребното количество вакцини се набавени. - Обезбедивме вакцини од Холандија, која штити од три типови грип и е препорачана од Светската здравствена организација. Во овој период најчесто во битолскиот Центар доаѓаат граѓани од повозрасните генерации, а поретки се бремените жени или децата со нарушен имонолошки систем, рече Коњановски.

Цената на вакцината и оваа година е непроменета и секој граѓанин може да ја добие за 400 денари во сите центри од надлежност на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола, односно во Ресен, Демир Хисар, Крушево, Кичево и Демир Хисар

27.10.2014 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега