Почна вакцинацијата против грип во Крива Палнака

Во Крива Паланка денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, за која постои голем интерес меѓу населението. Во Подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Куманово-ХЕС Крива Паланка обезбедени се вкупно 200 дози вакцини, а од изутрината веќе се вакцинирани 40 лица.

- Главно се вакцинираат хронични болни, над 60-65 години, кои редовно ја практикуваат вакцинацијата повеќе години наназад, но има и лица кои годинава првпат се вакцинираат. На пациентите не им треба упат од матичен лекар, а здравствената услуга чини 400 денари. Вакцините се од холандско производство, проверени и квалитетни, изјави д-р Елена Крстевска од ХЕС Крива Паланка, која работи во рамките на Центарот за јавно здравје од Куманово.

Бројот на вакцини за Крива Паланка е зголемен за 50 дози во споредба со лани, кога беа обезбедени 150 вакцини.

Досега во оваа општина не се регистрирани заболени од сезонски грип, кој се очекува од почетокот на јануари.

27.10.2014 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега