Нетпрес: Медиумите на Сорос не престануваат да шират манипулации за името

Македонија да си го смени името во „Република Горна Македонија“, јазикот да се именува како „македонски“, а граѓаните како „народ на Горна Македонија: граѓани од Македонија“.

Веќе втор пат овие дезинформации и обични лаги се пласираат во јавноста од медиумите кои ги финансира Фондацијата Сорос, а ги контролира опозицискиот СДСМ, Пишува Нетпрес.

Првиот случај беше неодамна, кога наводно неофицијално беа објавени од весникот „Слободен Печат“ и порталот „ПлусИнфо“, медиуми кои ги раководи Бранко Героски, близок соработник на Фондацијата Сорос и нејзниот прв човек, инаку лустриран кодош, Владимир Милчин.

Втор случај е објавата на порталот „Либертас“, на Ацо Кабранов, медиум кој тој го основаше заедно со Љубомир Фрчковски, а со финансика помош од Фондацијата Сорос.

„Либертас“ ги објави истите информации, како и „Слободен Печат“ и „ПлусИнфо“, но овој пат повикувајќи се на австрискиот дневен весник „Стандард“.

Како што и е веќе познато на јавноста во Македонија, Канцеларијата на медијаторот на ООН, Метју Нимиц, во спорот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија, испрати официјално соопштение во кое демантираше дека не постои никаков нов предлог. Но, и покрај ова, т.н. сроросоидни медиуми во земјава продолжуваат со пропагирање и манипулирање на јавноста околу ова прашање.

Инаку, за потсетување, австрискиот весник има тесни врски со Фондацијата Сорос, и често пати објавува критички настроени текстови кон македонските власти.

Но, како и да е, очигледно е дека еден ваков текст, објавен во странски медиум им беше повеќе од потребен, поточно како трета страна на кредибилност, откако официјално канцеларијата на Нимиц објави дека медијаторот нема подготвено никаков нов предлог за решавање на спорот наметнат од Атина.

Сепак, по се’ изгледа дека канцеларијата на Сорос во Виена ги користи своите контакти и врски и очајно се обидува да му ја направи на лустрираниот кодош Милчин последната услуга, пред неговото се’ поизгледно повлекување од позицијата прв човек на Институтот отворено општество во Македонија. Неофицијалните информации велат дека во игра за негова замена се Мирјана Најчевска, Борјан Јовановски, Лидија Димова и Сашо Ордановски.

Исто така, извори во опозицијата велат дека по демантот од Канцеларијата на Нимиц, во опозициските портали, раководени од СДСМ, а финансирани од Фондацијата Сорос, завладеала голема конфузија и несогласувања, проследени со жестоки кавги за очигледната кратковидност на тие што им пласираат вакви тези за објавување на текстови.

Познавачите на проблематиката, пак, сметаат дека ова претставува само уште еден нивни чекор, во насока на постојаните активности кои ги имаат, а кои се насочени кон минирање и уривање на позициите на државата. Според нив, Героски, Кабранов, Милчин, Фрчковски…се всушност лицата преку кои, кога ќе прднат грчките разузнувачки служби, грчката дипломатија и грчкото министерство за надворешни работи, се шири миризба низ цела Македонија.

27.10.2014 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега