Кои скопски населби утре ќе бидат без вода?

Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Људевит Гај“ бр.6, утре од 9 часот и 30 минути без вода ќе останат корисниците од оваа и од улиците „Раде Кончар“ и „Дебарца“ во општина Центар.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека од 9 часот без вода ќе останат и корисниците од населбата 11-ти Октомври, поради уличен дефект на улицата „Спиро Гулапчев“ бр.12.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде до отстранување на дефектите.

27.10.2014 - 16:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега