Малолетник преживеал хорор во автобус на ЈСП

Мајка од Скопје синоќа се јавила во полиција и пријавила дека во автобус на ЈСП со број 22, на булеварот Партизански одреди, бил нападнат нејзиниот малолетен син. 

Разбојникот му пришол на детето додека тоа се возело во автобусот и му го земал мобилниот телефон кој го држел во рака. Потоа му рекол да се симне на наредната автобуска ако сака истиот да му биде вратен, а откако малолетникот се симнал, насилникот му ги зел и паричникот и часовникот кои ги носел и избегал во непознат правец. 

Полицијата трага по насилникот кој се стекнал со 50.000 денари.

28.10.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега