Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

Поради  технички зафати во електро-системот, без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од делови од неколку општини, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД.

Како што е соопштено, од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од  улиците „Петар Манџуков“, „Бетовенова“  и Натанаил Кучевишки во Општина  Бутел, од 08:30 до 16:00 часот корисниците од селата Дивље, Сушица, Чифлик и Живиње во Општина Петровец и од 09:00 до 15:00 часот  корисниците од  дел од с. Грчец  (општина Сарај), дел од с. Студеничани (општина Студеничани) и корисниците од бул. Илинден  од бр. 94 до бр. 100. (општина Карпош).

28.10.2014 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега