Нов напад на СДСМ врз Press24 - Заев нервозен зашто протекуваат информации од Бихаќка

Опозициската СДСМ по кој знае кој пат со етикети за медиумите кои не известуваат под диктатот на Бихаќка. По информацијата која Press24 ја објави повикувајќи се на телевизијата 24 вести, дека во партијата владее вистински хаос, од Бихаќка со обвинувања за „шпекулации и тенденциозно пласирање невистини“. 

„Владините медиуми постојано се обидуваат со невистини и тенденциозно пласирање на шпекулации да ја анализираат работата на СДСМ и опозицијата и погрешно да ги пренесуваат нејзините ставови.
Последен пример се насловите и текстовите во „Курир“, „Прес24“, „Република“ и останатите владини медиуми кои немаат никаква врска со вистината и создаваат амбиент на континуирано неточно информирање на граѓаните, спротивно на сите новинарски стандарди за професионално и објективно известување“ - стои во реакцијата на Бихаќка.

Интрсно е што новата серија напади врз нашата редакција доаѓа во ситуација кога пренесовме текст објавен на телевизијата 24 вести, која важи за блиска до опозицијата и на која во последното гостување, опозицискиот лидер Заев и честиташе за начинот на кој информираше. Текст со речи си идентична содржина пренесе и Утрински Весник во денешното издание, медиум кој исто така важи за блисок до гарнитурата на Бихаќка.  Сепак, текстовите во овие медиуми не се демантираат, иако информациите кои се објавени на Press24 јасно го наведуваат изворот и го линкуваат читателот до него.

Ова не е прв пат СДСМ да ја напаѓа редакцијата на Press24, за која меѓу читателите е познато дека има доброинформирани извори на Бихаќка. 
За потсетување, токму овој медиум прв го обајви името на претседатлескиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. СДСМ 5 дена демантираше, за на крајот да признае дека сме имале точна инфорамција. 

„Провладините медиуми преку тенденциозни текстови продолжуваат со пласирање шпекулации за СДСМ. На вчерашната седница Извршниот одбор на СДСМ одлучи 16-тиот Конгрес на партијата да се одржи на 04-ти март 2014 година. На Конгресот ќе се избере кандидатот на СДСМ за Претседател на Република Македонија. Внатрепартиската постапката во СДСМ, за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија е во тек и се одвива согласно Статутот на партијата“, е интегралниот текст кој го испратија од Бихаќка“ - стоеше во демантот кој на 26.02.2014 го лиферуваше СДСМ

Во последните два изборни циклуси далеку пред сите медиуми ги објавивме имињата на кандидатите за носители на пратнеичките листи како и кандидатите за градоначлници на последните локални избори. 
Последна во низата информации кои СДСМ прво ги демантираше а потоа ги потврди, е инфорамциајта дека се договарало претопување на НСДП во СДСМ.

Интересно е што и покрај демантите, по секоја објавена информација од Press24 на Бихаќка се спроведува опсежна истрага за да се утврди, кој му ги пренел информациите на нашиот медиуми. 

30.10.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега