Рикна уште еден протест на СДСМ

Целосно фијаско доживеа најавуваниот протест под мотото „Удар“, кој денеска се одржа пред македонското Собрание и чија цел според организаторите беше “да се каже СТОП на погрешните политики на  властодршците“.

На протестот кој деновиве бепе помпезно најавуван од страна на опозициските портали присуствуваа едвај неколку лица. Како иницијатори на истиот  се јавија група незадоволни граѓани, но тие не добија никаква поддршка и протестот беше одбележан без никаква масовност, иако беше најавуван како таков.

Пораките изразени на протестот беа истите обвинувања кон власта кои секојдневно можат да се слушнат од СДСМ, а и самото мото „Удар“ очигледно покажува зад истиот стои најголемата опозициска партија и всушност е отсликување на политиката на “отпор“ на социјалдемократите. Како и многу други протести иницирани од опозицијата претходно, така и овој „Удар“ врз Собранието кој го најавуваа соросовите портали, заврши со целосно фијаско.

Како по обичај, секогаш кога протестите нема да наидат на никаква поддршка, опозицијата виновникот го бара во народот. Претседателката на Комисијата за европски прашања на СДСМ, Лидија Димова, преку статус на својот ФБ профил ги навреди Македонците. Димова сакајќи да направи алузија со протестите во Унгарија напиша:

-Кога Македонците ќе станат Унгарци? НИКОГАШ, а можеби ни тогаш!

Навредите кон сопствениот народ не претставуваат нешто ново кога опозицијата е во прашање. Мирјана Најчевска, во очи на Денот на независноста 8-ми септември на најбрутален начин го навреди македонскиот народ, нарекувајќи го глупав.

- Не, не е шутрачки овој народ. Не е ни уплашен.  Вистината е многу поедноставна.  Овој народ е едноставно глуп. Како цепаница. Неделкана, напиша Најчевска, напиша самопрогласената активистка за човекови права.

Доколку на ова се додаде и срамната навреда од страна на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски во екот на кампањата, кога вулгарно ги навреди македонските граѓани нарекувајќи ги стока, станува јасно дека за опозицијата, очигледно народот е тој кој не чини. 

31.10.2014 - 18:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега