24 Вести: Најмалку 7 пратеници на СДСМ се враќаат во Собранието

Најмалку седум пртеници на опозицијата се пред враќање во Собранието јавува 24 Вести повикувајќи се на партиски извори. Телевизијата објавува дека станува збор за пратеници од третата изборна единица. На прекин на бојкотот размислуваат и коалициските партнери на СДСМ

„ Дел од нив, веќе неофицијално изјавија дека се речиси пред одлука за враќање, особено по последниот партиски состанок на Бихаќка.

Токму носителот на листата во третата изборна единица во Тренд порача дека очекува пратениците да се вратат во Собранието, бидејќи ваквата состојба штети на сите.

Од Бихаќка пак официјално повторуваат дека одлуката за бојкот на Собранието е конечна, а велат тоа што нивните пратеници се уште имаат мандати е поради власта, која тврдат ги чува во фиока пратеничките оставки“ - пишува 24 Вести

 

 

31.10.2014 - 23:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега