Героски призна: СДСМ е во криза

Еден од најголемите поддржувачи на опозицијата, уредникот на „Слободен печат“ Бранко Героски при гостувањето во емисијата „24 Вести“ јавно признава дека има криза на опозицијата во Македонија.  

-За да дојдеме до прашањето што треба да прави опозицијата во иднина, мораме да имаме вистинска дијагноза, што се случи , зошто сме во криза сега. Мојата теза е дека кризата на опозицијата трае точно 10 години, таа е последица на две или три клучни и многу помали погрешни одлуки на раководството на СДСМ. Сите придонеле за таквата серија погрешни политички одлуки . Опозицијата бега од клучното прашање, мора да решат и да решиме, ние кои сме и приклонети, што треба да се случи на планот на политичкото програмирање, вели Героски.

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски вели дека не смета оти оваа опозиција има идеја како да создаде некаков си отпор, удар, некаков реален пркос.

- Напротив, ние стануваме сведоци не само на некапацитетот на опозицијата, него дека опозицијата по некаква инерција почнува да се движи кон политиките на власта. Ако стратегијата е таа да чекаме Груевски да попушти, ние немаме стратегија, имаме само една цел до која што не знаеме како да стигнеме, вели Мицковски.

Мицковски го коментира и присуството на раководниот двоец на СДСМ на прославата во новиот МНТ,

-Посетата во театарот од страна на опозицијата што претставуваше. Со еден гест се срушија 7-8 години на една тврда позиција каде што тие објекти, тоа е еден од објектите на Скопје 2014, го идентификувавме со пералницата на пари на власта. И сега одеднаш се појавуваме таму, вели Мицковски.  

 

 

31.10.2014 - 23:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега