Тито и Жерновски бараат средба со Заев и пратениците за како понатаму!

Предлог за нова средба на „Бихаќска“ во која ќе учествува цела опозиција која доаѓа од редовите на НСДП и ЛДП. Засега никој не знае што би донела ваквата средба, дали истата би го потврдила бојкотот или не. Според пишувањата на Дневник, можен е целосен притисок од страна на коалицијата за целосно укинување на ваквата одлука и враќање на сите пратеници во Собранието. 

Како што пишува Дневник можен е состанок во текот на следната недела меѓу сите лидери, Заев, Тито и Жерновски, како и сите пратеници од партиите. Ваквата средба ќе има за цел да даде прецизна слика за насоката во која ќе продолжи да се одвива политиката на опозицијата, до уставниот рок за констатирање на нивните оставки, кој патем речено им прави дополнителен притисок. 

И ако се реши да се бојкотира, мора да се има стратегија како понатаму тоа ќе се спроведува, вели изворот за Дневник, но засега има голема поделеност меѓу коалициските партнери за одлуката за бојкот. Токму затоа сите опции се отворени.

- Не можам да гарантирам што ќе се случи, но с` е во игра. 10 ноември може да се пролонгира, како што веќе се пролонгира седницата за оставките. Сега се дава приоритет на преговорите со власта, односно на враќање во Собранието преку дијалог со ВМРО-ДПМНЕ затоа што веќе има средби тет-а-тет за тоа прашање. Ако тоа не се случи, нема гаранција дека сите ќе го послушаат Заев за бојкот – вели нашиот соговорник од коалицијата. 
Според извори за Дневник предводник на групата пратеници кои бараат враќање во собраниет е Маријанчо Николов, кој и беше носител на листата во изборна единица на парламентарните избори. 

 

01.11.2014 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа