Тачи: СДСМ уште 100 години нема да дојде на власт (ВИДЕО)

Според Тачи, ако СДСМ продлжи само со интриги уште 100 години нема да дојде на власт, а за одговорноста што не победува а не се повлекува тој порачува.

Ние сме тука и го чекаме нашиот момент, вели претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Второ, не само што ги послушавме странците, туку одлучивме и во наша полза да се вратиме во парламентот. Преку Парламентот успеваме да ги искажуваме нашите ставови, вели ледерот Тачи.

Зијадин Села тој не сака да го коментира, нема поддршка, ниту средбите со ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, тоа ми е работа вели. СДСМ ако продлжи само со интриги уште 100 години нема да дојде на власт, а за одговорноста што не победува а не се повлекува тој порачува

„Апсолутно сносам политичка одговорност пред членството на ДПА, не пред вас, и на некој да му текнало да сносам одговорност. Работите се измешани многу, некој бара да сносам одговорност пред Албанците или пред граѓаните на Македонија, таквата одговорност ја сноси тој што е на власт, јас како лидер на опозиција сносам одговорност само пред моите членови и симпатизери. Втора работа, има и други луѓе кои се подолго на лидерски позиции, па не се коментира. Навистина е незамисливо или несфатливо за мене, како се организирани сите да се напаѓа една опозициска партија. Проблемите што ги имаме и како граѓани и како држава треба да ги решат тие што се на власт, а не опозицијата.“

02.11.2014 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега