Индекс на просперитет: Македонија со скок од 10 места

Според најновата листа на годишниот индекс на просперитет за 2014 година која вклучува 142 земји, Македонија се наоѓа на 69-то место.Тоа е скок од 10 места во споредба со лани кога бевме рангирани на 79-то место, а во 2012 година бевме на 75-тото место.

Индексот покрива 96 % од светската популација со цел да даде преглед на пошироко мерење на економското здравје на земјите од светот.Листата е составена од страна на Легатум институтот (Legatum Institute) кој е независен реномиран британски научно истражувачки центар.

Најдобри резултати годинава Македонија покажува во категоријата здравство каде е позиционирана на солидното 52 место, потоа следува категоријата претриемништво и можности на 63 место и на 67 место според безбедноста,а личната слобода е рангирана на 77 место. Според категоријата образование рангирани сме на 74 место, а кај категоријата социјална состојба на 82 место.

Од земјите во регионов Хрватска се наоѓа на 50-тото, оставајќи ја зад себе Црна Гора, која е на 65-то, а на Србија ѝ припаѓа 77-та позиција. Албанија и Босна и Херцеговина се сместени на 84 и 91 место. Од сите земји во регионот најдобра позиција има Словенија со 24-то место, потоа Унгарија-39, Бугарија -48 позиција.

Грција е позиционирана на 59-то место, Романија-60, Русија на 68 и Турција на 86 место.

04.11.2014 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега