Лоза: Импресиониран сум - планирам да инвестирам во Македонија!

Американската компанија Smart cooling LCC ќе инвестира во Македонија истакнал сопственикот на компанијата Ендру Лоза, пред владината делегација во САД предводена од премиерот Никола Груевски, која преку бизнис форуми ги запознава потенцијалните инвеститори од Њујорк и повеќе други градови во САД со можностите за правење бизнис во Македонија.

Сопственикот на Smart cooling вели дека е импресиониран од услувите кои ги нуди Македонинја за инвестирање и дека најдоцна до почетокот на идната година ќе допатува во Македонија да ги разгледа можностите за инвестирање.

-Ние имаме софтвер кој ја намалува потрошувачката на електрична енергија за 10-15 % месечно. Бараме место каде ќе го прошириме нашето производство во светот. Дојдов на оваа конференција за да дознаам за сите поволности кои се нудат, за цената на работната сила, за даноците, економската клима. И морам да признаам дека бев импресиониран, толку импресиониран што ќе допатувам во Македонија до крајот на оваа година или на почетокот на јануари за да можам да се уверам за сите поволности кои ги нуди земјата, со цел да започнеме производство, истакна Лоза.

Smart cooling LCC е компанија која прозиведува софтвери за намалување на портошувачката на електрична енергија.

04.11.2014 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега