Многу среќа на стартот на ноември - добивки во Топ 5 и Ново лото

Бројките носат среќа. Ова резултира со добивки и среќни играчи на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. На стартот на ноември, убави добивки донесоа и 44то коло на Топ 5 и 88-то коло на Ново лото.

Имено последното издание, 44то коло на Топ 5 кое се емитуваше синоќа, на МТВ заедно со прекрасната водителка Маја, донесе нова возбуда, посебно кај еден од нашите среќни играчи. Вчерашното коло го донесе добитникот на добивката 4+1, вредна  198.802,00 денари.

Нашиот комјутерески систем лоцираше дека среќното Топ 5 ливче е уплатено во продажното место Тото Лото во Струмица. Уплатени се 5 комбинации на Топ 5 и 1 комбинација на Топ 5 Џокер, во вкупен износ од 95 денари. Уплатата е извршена точно на среќниот ден, 03.11.14, а добитна е 3тата комбинација. Извлекувањето на новото 45 коло на Топ5  ќе биде реализирано во понеделник на 10.11.14 на МТВ.

Стартот на месец ноември, Државна лотарија на Македонија го бележи и со други добивки. Саботното извлекување на 88то коло на НОВОЛОТО реализирано на 01.11.14 на Сител телевизија го донесе меѓу другите добивки и среќниот добитник на 6 погодоци. Добивка е вредна 343.011,50 денари. Уплатата е извршена во уплатното место ММ МАР МАР правда во Скопје. Уплатени се 10 комбинации на Ново лото и 3 комбинации на Ново лото Џокер, вкупно 210 денари. Добитна комбинација била 7мата.

Следното извлекување на 89то коло на Ново лото ќе биде реализирано утре, 5.11.14 

04.11.2014 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега