Размената со странство до септември 9,1 милијарди долари

Од јануари до септември од Македонија се извезени стоки во вредност од 3.694.254.000 американски долари, а увезени се стоки чија вкупна вредност изнесува 5.418.869.000 американски долари.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, покриеноста на увозот со извоз е 68,2 проценти, а трговскиот дефицит во овој период изнесува 1.724.615.000 американски долари. 

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, производите од железо и челик и облеката, додека во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите и електричната енергија.

Во овој период најмногу се извезувало во земјите-членки на Европската унија, по што следуваат земјите од Западен Балкан, а најмногу се увезувало од Европската унија. 

Според вкупниот обем на надворешно-трговска размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија, односно 52,4 проценти од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји, говорат податоците на Статистика.

04.11.2014 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега