Невиден преседан на СДСМ

Заев направи уште ееден досега не виден преседан во политиката- излезе со  став дека нема да има кршење на бојкотот без да се координира со сопствените пратеници. Одржа состанок со Тито Петковски и Андреј Жерновски на копј заклучиле дека остануваат на бојкотот. Потоа се сретна и со пратениците од овие две партии а не ги покани своите, јавува Сител.

Даде куса изјава по средбата со лидерите ан НСДП и ЛДП во која рече дека се разговарало за бојкото и за идната стратегија но не дозволи новинарски прашања.

Неодговорено остана- што се содржи стратегијата која се гради 6 месеци по изборите, каде се најавените 5.000 тимови на терен, и како Заев ќе одговори на незадоволството во својата пратеничка група..

На Бихаќка во име на пратеничката група на СДСМ денеска беа само координаторката Рената Десковска и заменикот Горан Сугаревски.

Останатите биле целосно дистанцирани од кроењето стартегии на Бихаќка.

 Извори од пратеничката група за Сител велат дека ова е знак дека Заев нема одговор на дилемите кои му беа поставени на минатонеделниот состанок- зошто тој и жерновски не поднесат оставки по примерот на пратениците, што доколку Груевски остане цврсто на ставот за неприфаќање на техничка влада, коис е идните чекори во стартегијата на лидерот?

Изненадени се што Заев повторно говори во нивно име иако денеска воопшто не разговарал со нив.

ОД денешниот состанок произвелува само еден нов чекор на така наречената стартегија - а тоа се партиските трибини, иодеја која минатата недела ја најави владејачката ВМРО ДПМНЕ.

04.11.2014 - 21:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега