Пратениците прашуваат Поповски и Шилегов молчат: Зошто ни ја затворивте вратата на Биxаќка?

Бура незадоволство меѓу пратениците на СДСМ по денешниот состанок на Бихаќка за кој тие не добија покана, иако на последниот Извршен одбор самите го побарале.
Пратеници од неколку изборни единици за Сител велат дека по денешниот ден станува јасно дека Заев нема стратегија, како понатаму доколку сите избрници на народот останат надвор од пратеничките клупи.
Зошто раководството се реши да побегне од своите пратеници во СДСМ денеска никој не одговара. Сител денеска јави дека побарале одговор и од портпаролот Петре Шилегов но и од директорот на Центарот за комуникации, Роберт Поповски, зошто им беше затворена вратата на пратениците на најголемата опозицика партија.
Заев денеска даде изјава за медиумите, но побегна од одговори на новинарските прашања. Ви благодарам беше се што добија како одговор новинарите  на серија прашања меѓу кои и што е со стратегијата на СДСМ и каде се петте илјади тимови кои ги најави опозицијата

04.11.2014 - 21:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега