Драма во Кратово: Камен пијан нападнал полицајци

Во Кратово на раскрсницата од улиците „Јосиф Даскалов“ и „Цветко Тонев“, синоќа се одвивала вистинска драма кога додека полицајци се движеле со службено возило, пред него излегол З.Ц. и пијан почнал да ги навредува. Настанот кулминирал кога насилникот во еден момент се доближил до еден полициски службеник, го фатил за вратоврската и му ја искинал, по што со неговото возило „Тико“ го напуштил местото на настанот.

Лицето е пронајдено и приведено, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

06.11.2014 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа