Французин се обидел да ги подмити полицајците на Меџитлија

39-годишниот А.К. од Франција си заработи кривична за давање поткуп. Тој вчера околу 11 часот, на Граничниот Премин „Меџитлија“ на влез во Македонија на полицискиот службеник во патната исправа му ставил банкнота од 20 швајцарски франкови со цел да му дозволи влез во државава со патничко возило за кое немал зелен картон.

Од страна на судија во претходна постапка изречена му е пресуда казна затвор во траење од шест месеци, условно од две години, а по плаќање на паричната глоба истиот е ослободен. 

06.11.2014 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега