Фатени 13 крадци кои пустошеле низ Битола

Секторот за внатрешни работи-Битола соопшти дека во октомври се отркиени и расветлени десет кражби во куќи, за што се поднесени  девет кривични пријави против 13 сторители заради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела “тешка кражба“.

Од СВР-Битола посочуваат дека од пријавените тројца се малолетни, а десет лица се полнолетни коои направиле штета од 790.500 денари. Две од кривичните дела се сторени во 2012 и 2013 година, а останатите осум во текот на 2014 година.

- Меѓу  расветлените кривични дела е и кражба сторена во август 2014 година со која е предизвикана штета од 270.000 денари, за која е поднесена кривична пријава против лицето А.Б. (22 г.), кој со цел да се стекне  со противправна имотна корист, со употреба на  физичка сила,  во куќа во Битола, ја турнал и отворил двокрилната врата која била затворена со електрична брава, влегол низ заеднички скали кои ги користат три семејства, се упатил на вториот кат и со употреба на алат – лост делувал во пределот на трокрилната дрвена врата и  откако влегол и  извршил пребарување одзел машки и женски накит, рачен машки часовник и 480 австралиски долари и 3.000 денари, информираа од Секторот за односи со јавност при СВР-Битола.

06.11.2014 - 13:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега