Претепан полицаец кај Бит Пазар

На булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје вчера се одвивала вистинска драма. Според податоците од полицијата, поради непрописно паркирање при обид да биде подигнато возило марка “мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, настанала вербална расправија помеѓу полицаец и 29-годишниот Р.С. и 31-годишниот И.С. од Елово, по што И.С. физички го нападнал полицаецот удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото. 

Лицата се приведени Полициската станица Бит пазар и против нив по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

07.11.2014 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа