Нови детали за пукањето во Мавровка

Полицаецот кој вечерва беше застрелан пред Мавровка не бил на должност, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите инфорамции тој приватно бил отиден во Старата Скопска Чаршија и не бил во полициска униформа. Полицијата во интерес на истрагата се уште не открива во какви околности се случил инцидентот а не може да се добие ниту информација во каква состојба е полицаецот кој итно е префрлен во болница.
Според инфорамциите кои веќе ги објавивме во него пукале две лица, но нема инфорамции за мотивите.
Од МВР го потврдија случајот а повеќе детали најавуваат за утре

08.11.2014 - 00:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега