Нови детали за пукањето пред Мавровка

Еден полицаец е повредени во престрелка која доцна синоќа се случила во близина на Мавровка. Како што дозна Press24 од полициски извори, во полицаецот пукае две лица кои се дале во бегство. 

Несреќниот полицаец во инцидентот се здобил со прострелна рана во рамото. Крвавиот настан се случил во 23 часот и 10 минути позади Мавровка, а по укажаната лекарска помош на Скопските клиники бил пуштен на домашно лекување.

Полицаецот не бил на должност ниту носел униформа кога бил застрелан.

08.11.2014 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега