Откриен импровизиран систем за одгледување марихуана во стан во Тетово

Три лица, двајца македонски и еден француски државјанин, биле приведени, а била пронајдена и одредена количина растенија, најверојатно канабис сатива, и импровизиран систем за саксиско одгледување растенија сместен во дрвен плакар по вчерашниот претрес на изнајмениот стан во кој подолго време претсојувал 29-годишниот Г.М. од Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

- Во претресот реализиран со соодветна судска наредба а на кој присуствувал и јавен обвинител во домот, односно во спалната на изнајмен стан во кој престојувал неколку години, пронајдени се пет саксии со непознато растение, најверојатно канабис сатива, две саксии со друго непознато растение, 715 растителни семки и една зипер-кесечика со растителна материја. Покрај ова, поврзани во импровизиран систем за саксиско одгледување растенија што бил сместен и функционирал во дрвен плакар обложен со алуминиумска фолија пронајдени се и вентилатор, електричен кабел, две светилки, термометар и пластично шише, изјави Јосифовски. 

Се што е пронајдено во претресот е одземено и ќе се вештачи, а Г.М. и уште две лица кои биле затекнати со него, Б.Р (29) од Тетово и францускиот државјанин Г.Ж ( 30 ) приведени се и по наредба на јавен обвинител задржани се во СВР Тетово. По расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

08.11.2014 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега