Со автомобил прегазил 11 годишно девојче во Тетово

Со автомобил прегазил 11 годишно девојче. Несреќата се случила вчера околу 17:30 минути на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово при што 11-годишното девојче од селото Мерово било повредено откако врз него налетало автомобил „Опел“ со тетовски регистерски таблички што го управувал Ј.А.(21) од Мала Речица.
Возачот веднаш го префрлил повреденото девојче во Тетовската болница каде по укажаната лекарска помош тоа било задржано за лекување. Материјалната штета во овој случај се проценува на 20 илјади денари. Полицијата работи на утврдување на причините за сообраќајката.

09.11.2014 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега