Охрид: Измамничка од Албанија заврши во притвор

СВР Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување“ и „измама“, пред два дена ја приведе 43-годишната О.Ч. од Република Албанија.

Приведувањето е извршено во стан во Охрид во кој О.Ч. привремено го користела а по претходно известување на јавниот обвинител. Сега притворената, во станот била со двете малолетни деца кои се предадени на Центарот за социјални работи Охрид.

Си заработи 30 дена притвор.

09.11.2014 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега