Судска медицина ги почна испитувањата - дали женскиот труп е на Дениса Маркоска?

На Институтот за судска медицина-Скопје ноќеска почнаа испитувањата за утврдување на идентитетот на трупот за кој неодамна грчките здравствени власти потврдија дека е на Дениса Маркоска која во септември исчезна на бродот „Серенисима“ во водите на Егејското Море. 

Директорот на Институтот Алексеј Дума денеска изјави дека сите информации кои ќе ги добијат по завршените анализи ќе бидат доставени до Министерството за здравство како барател на постапката и семејството на покојната.

- Работиме по сите стандарди и норми пропишани од Советот на Европа, Комисијата за форензика. Треба време да се спроведат испитувањата, колку ќе добиеме, ќе видиме, бидејќи телото е многу трулежно променето. Тоа ја отежнува работата, значи ќе треба време, додаде Дума.

Дениса Маркоска исчезна ноќта меѓу 12 и 13 септември од бродот „Серенисима“ каде работеше. Потрагата по неа траеше неколку недели, а на почетокот на октомври во близина на остовот Карпатос беше пронајдено мртво тело на девојка. 

09.11.2014 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега